Раниери тренер на Несторовски и Трајковски?

by
1 минути читање

Палермо е во период на крупни промени, на претседателската функција е назначен Пол Бакаљини а во процедура е преземање на клубот од американски сопственици.

Според „Кориере дело Спорт“, новото раководство сака да го назначи Раниери за нов тренер, но една таква операција нема да биде едноставна.

Сегашниот тренер Диего Лопез има договор со клубот до 2018, па доколку му биде врачен отказ ќе треба да добие и обештетување. Оваа пречка може да биде решена, но нејасно е дали Раниери би ја прифатил понудата со оглед на сутацијата во која се наоѓа Палермо. Тимот е на позиција која носи во Серија Б со седум бода заостанување зад местата кои носат опстанок.

Проблем можат да бидат и примањата на Раниери кој како елитен тренер ќе бара голема плата.

Но ако амбициите на новото раководство се големи, зделката може да се случи. Раниери во клубот би останал и доколку Палермо испадне во Серија Б. Тој има искуство со враќање на клубови од втора во прва лига, претходно тоа го направи со Каљари и Фиорентина.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани