Допинг тестот покажа поголема количина на тестостерон од дозволеното кај Пол Погба. Тој доби превентивна суспензија од Анти-допинг судот и суспензија без да добива плата од Јувентус.
Погба сега побарал нова анализа на допинг тестот, фудбалерот се обидува да докаже дека е невин.
Резултатите се очекува да бидат готови во следните седум дена, а тие можат да го однесат по две патеки.
Доколку тестот се покаже како негативен, што е помала веројатност, Погба би можел да му се врати на фудбалот веднаш. А ако е позитивен ќе треба да се докажува пред судот за Анти-допинг како ја земал сустанцијата.
Доколку се докаже дека Погба несвесно го примил суплементот за зголемување на тестостеронот, тогаш веројатно ќе му биде изречена двегодишна суспензија.
Ако се утврди дека намерно се допингувал, тогаш суспензијата ќе биде четиригодишна.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.