И волкот сит и овците на број: Верати се пресели во Катар за двојно поголема плата, ПСЖ си „лапна“ 50 милиони

by
1 минути читање

Марко Верати ова
лето беше известен дека не е во плановите на Луис Енрике и треба да си најде
нов клуб.

Неколку гиганти
од Европа пројавија интерес за Италијанецот, но тие сакаа да го донесат само на
позајмица, па ПСЖ се насочи кон арапскиот свет.

Откако не успеа
да пронајде договор со клубови од Саудиска Арабија, Марко Верати се реши за
преселба во Катар и потпис со Ал Араби.

Како што
пренесуваат медиумите, зделката е прилично лукративна и за играчот и за ПСЖ.
Марко Верати во Катар ќе заработува и повеќе од двојно, односно околу 30
милиони евра годишно, додека пак „светците“ ќе инкасираат околу 50 милиони
евра.

„Горд сум што го
носев дресот на ПСЖ повеќе од една декада, играв рамо до рамо со големи имиња и
освоив 30 трофеи. Париз, клубот и навивачите секогаш ќе имаат посебно место во
моето срце. Засекогаш ќе бидам парижанин!“
– порача Марко Верати, кој ќе биде запишан
како најтрофејниот играч во историјата на ПСЖ и Лига
1.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани