Шкотските навивачи му фаќаа сеир на Мегваер, па Сaутгејт се налути: За ова се криви идиоти од нашиот табор!

by
1 минути читање

Хари Мегваер
често е на удар на фудбалската јавност на „островото“, на Герет Саутгејт очигледно му дојде
преку глава од ваквата ситуација, па синоќа застана во одбрана на дефанзивецот
и жестоко ги нападна критичарите.

„Тој беше
извонреден против Украина. Реакцијата што ја видовме вечерва против Шкотска е
последница на идиоти кои доаѓаат од наша страна, тие се виновни што се создаде
ваква средина“
– рече селекторот на Англија.

Имено, на
натпреварот против Шкотска, домашните навивачи му фаќаа сеир на Хари Мегваер
при секој негов допир со топката, а мајтапот стана брутален кога дефанзивецот
несреќно ја затресе сопствената мрежа.

„Ги разбирам шкотските
навивачи, си прават забава, но се почна од наша страна, и тоа е неприфатливо.
Оставете го Хари на мира!“.

„Беше брилијатно
тоа што вечерва нашите навивачи увидоа дека треба да ги заштитат нашите
фудбалери. И сметам дека сите треба да го прават тоа“.

„Самите им
креираме проблеми на нашите фудбалери. Дел оа написите кои беа објавени, дел од
коментарите кои беа дадени, беа навистина смешни“.

„Па тој беше
столб во одбраната во еден од најуспешните периоди на англискиот фудбал“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани