Аргентина победува и без Меси, Маркињос во 90. минута донесе триумф за Бразил (ВИДЕО)

by
2 минути читање

Резултатот го отвори Енцо Фернандез во 31. минута, а само осум минути подоцна Фернандез од Боливија доби црвен картон.

На три минути пред крајот на првиот дел Аргентина зголеми на 2-0 со гол на Таљифико.

Конечните 3-0 ги постави Гонзалез во финишот од натпреварот.

Бразил тешко ги освои трите бода кај Перу, победи со 1-0 со гол на Маркињос во 90. минута.

Еквадор со пресврт во второто полувреме го совлада Уругвај со 2-1.

Уругвајците водеа по првото полувреме со гол на Канобио, но во вториот дел Феликс Торес постигна два гола за триумф на Еквадор.

Венецуела со 1-0 беше подобра од Парагвај, немаше голови на мечот меѓу Чиле и Колумбија.

@2024 – Сите права задржани