Мегваер си даде автогол во островскиот дуел, Германија без Флик ја победи Франција! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Шкотска и Англија одиграа пријателски меч со кој одбележаа 150 години од нивното ривалство. Првиот фудбалски меч меѓу овие две земји се одиграл во 1872 година. Тој дуел се смета и за најстар меч меѓу две репрезентации.

Англичаните имаа триминутен блицкриг во првото полувреме по кој поведоа со 2-0. Фоден погоди во 32. минута, Белингем во 35. минута.

Хари Мегваер во игра влезе на почетокот од второто полувреме и во 67. минута успеа да си даде автогол со кој Шкотска намали на 2-1. Конечните 3-1 беа дело на Кејн на десет минути пред крајот.

Германија во првиот меч без Ханси Флик дојде до победа и тоа против светскиот вицепрвак, селекцијата на Франција. Германците беа предводени од привремениот селектор, Руди Фелер.

Милер уште во четвртата минута донесе водство за Германија, а на вториот погодок се чекаше дури до 87. минута кога Сане зголеми на 2-0.

Две минути подоцна Гризнам од пенал ги постави конечните 2-1.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×