Пол Погба може да остане без огромна сума на пари поради глупав потег.
Како што пренесуваат медиумите од Италија, постои сомнеж дека суплименти од САД биле контаминирани и се причина за зголеменото количество тестостерон и паднатиот допинг тест.
Пол Погба овие суплименти ги земал на своја рака и по препорака на пријател. Французинот воопшто не се консултирал со докторите на Јувентус, кои сега се изненадени како не биле известени со оглед на тоа дека регулативата е различна во САД и Европа/Италија.
Па доколку Пол Погба биде суспендиран на подолго време, Јувентус има и повеќе од доволни причини за да му го раскине договорот без да му плати ниту едно евро.
Французинот во Торино заработува 8 милиони евра по сезона, плус бонуси, па непромислената постапка може да го чини богатство, но и предвреме да му ја заврши кариерата, зошто може да добие забрана за играње фудбал и до 4 години.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.