Бернардо Силва и Дани Олмо имаат про-Барса клаузули, но дали „каталонците“ ќе имаат пари да ги купат?

by
1 минути читање

Бернардо Силва и
Дани Олмо подолго време се поврзуваат со трансфер во Барселона, а според денешното
издание на Мундо Депортиво, двајцата фудбалери на ум имаат преселба на Камп Ноу
па затоа во новите договори си обезбедиле пристојни откупни клаузули.

Португалецот
следното лето ќе биде достапен за 50 милиони фунти, нешто под 60 милиони евра,
додека пак слободата на Шпанецот следното лето ќе чини точно 60 милиони евра.

Останува да се
види дали „каталонците“ ќе имаат пари за вакви зделки, и дали ќе сакаат да
инвестираат токму во Бернардо Силва и Дани Олмо.

Барселона изминатово
лето за ангажман на засилувања плати само 3,4 милиони евра, со оваа сума беше
купен Ориол Ромеу. Илкај Гундоган и Ињиго Мартинез пристигнаа беспари, а Жоао
Феликс и Жоао Кансело на позајмица.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×