Доколку и вториот тест на Погба се покажа како позитивен, тој ќе го падне допинг тестот и официјално ќе заработи суспензија. Според некои таа би можела да биде и четиригодишна.
Јувентус нема да презема мерки се додека не излезе резултатот од вториот тест, а доколку и тој биде позитивен, клубот би можел да го раскине договорот со фудбалерот.
Некои италијански новинари пишуваат дека ситуацијата на Погба може и добро да му дојде на Јувентус бидејќи во овој случај ќе можат без да му плаќаат обесштетување да му го раскинат договорот.
Погба откако се врати во Јувентус постојано е повреден, речиси и да не одигра ништо, а има огромна плата. Со раскин на договорот клубот ќе заштеди значително со тоа што нема да му исплаќа плата уште три години.
Лани се појавија вестите дека Погба плаќал врачари кои требало да прават магии за Мбапе да се повредува. Тоа беше оценето како голем скандал во Франција.
Ситуацијата на Погба во моментов е таква што некои велат дека откако почнал да му посакува повреди на својот сонародник, самиот тој сега не може да крене глава од проблеми кои кулминираа со овој допинг скандал.
Погба има 30 години, четиригодишна суспензија може да значи и крај на неговата кариера.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.