„Кориере дело Спорт“ објави дека наполитанците ја подготвуваат понудата и пишаниот договор за нова долгогодишна соработка, нешто што уште од мај се најавува, а локалниот „Ил Матино“, исто така објави за подготвувањето на понудата за Елмас. Но, постои еден голем проблем – недопирливиот Елмас сезоната ја почна со ептен скромна минутажа.
„Елмас во Скопје му покажа на Руди Гарсија кој е“, пишува „Ил Матино“, потенцирајќи дека „вечниот џокер“ со само 21 минута во три меча има премала минутажа, а ставот на клубот дека е недопирлив е тотално нелогичен и дека сака да го врзе уште подолгорочно е неспоив со одлуката на тренерот за премалата минутажа за „дијамантот“.
Елмас има договор со Наполи до јуни 2025 година, а веќе се појавија информациите дека Интер зимоска се спрема за го купи, па Наполи за да го задржи македонскиот репрезентативец ќе мора прво Руди Гарсија да се освести и многу повеќе да го користи македонскиот репрезентативец.
„Не успее ли да се промени односот на Гарсија кон Елмас со минутажата, под голем знак прашалник ќе биде продолжувањето на договорот“, пишува „Кориере“.
Елмас во Наполи дојде во летото 2019 година за 16 милиони евра, една година потоа потпиша нов договор за плата од 1,5 милиони евра, а во минатата сезона имаше голем придонез за првото „скудето“ на наполитанците со шест гола и три асистенции, иако беше „џокерот“ на Лучијано Спалети.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.