Португалија немаше милост за Луксембург, му даде дури девет гола (ВИДЕО)

by
2 минути читање

Луксембург има дури три победи во овие квалификации и собрано десет бода од шест меча, но синоќа потсети на времето кога служеше за подобрување на гол разликата на противниците.

По првото полувреме Португалците веќе водеа со 4-0, во тој период по два гола постигнаа Рамош и Инасио.

Во вториот дел Португалија продолжи да ја полни мрежата на Луксембург, Диого Жота даде два гола, по еднаш погодија Хорта, Бруно Фернандеш и Жоао Феликс.

Во истата група Босна и Херцеговина со 1-0 загуби во Исланд со гол постигнат од страна на Финбогасон во 91. минута од натпреварот.

Словачка со 3-0 славеше над Лихтенштајн, ова беше луд меч затоа што трите гола беа постигнати до шестата минута. 

Ханчко погоди во првата минута за 1-0, две минути подоцна Дуда зголеми на 2-0, третиот гол беше дело на Мак во шестата минута.

По шест одиграни кола во оваа група, Португалија е прва со 18 бода, втора е Словачка со 13, трет е Луксембург со 10, БиХ има шест, исто колку и Исланд, Лихтенхшајн е без бодови на последната позиција.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

@2024 – Сите права задржани