Утре ја пречекуваме Италија со која се среќаваме првпат по победата во Палермо. Италијанците ќе сакаат да ни се одмаздат, а противник за тоа ќе им биде и лошиот терен на нашиот стадион.
„Точно е дека теренот не е најдобар, го видов, забележав многу дупки, натпреварот ќе биде тежок“, вели Чиро Имобиле.
„Со Македонија се соочивме во еден деликатен момент, пред две години. Тогаш горевме од желба да победиме, притисокот беше голем. Можеби и тоа имаше улога за крајниот резултат. Македонија е селекција составена од играчи кои играат во силни тимови. Би го издвоил Елмас како еден од најдобрите македонски фудбалери“.
„Тоа што сум капитен е голема одговорност за мене, ме прави горд. Националниот дрес има тежина без разлика на моментот и условите. Секогаш сум горд кога играм за Италија, националниот дрес ги претставува сите клубови заедно. Среќен сум што ќе играм за еден тренер од кој ќе можам да научам многу нови работи“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.