Јирген Клоп ова
лето правеше реконструкција на средниот ред, лесно беа ангажирани Алексис Мекалистер
и Доминик Собослаи, но потоа наидоа на одредени потешкотии.
Ливерпул извиси во намерата да ги донесе Моизес
Каиседо и Ромео Лавија, или поточно Челси им ги украде двајцата фудбалери.
Како што
пренесува АС, „црвените“ во последните денови од преодниот рок доживеал уште еден неуспех во намерата да реализира трансфер бомба.
Понудил 100 милиони фунти за Бруно Гимараеш, но Њукасл без
многу размислување го одбил предлогот, клубот од Сент Џејмс Парк не сакал да го
ослабне својот тим пред дебитанската сезона во Лигата на шампиони и покрај тоа
што на маса била ставена огромна понуда.
АС додава дека
Бразилецот останува во бележникот на Ливерпул и не се исклучува можноста
„црвените“ во следниот период да имаат нов обид за ангажман на Бруно Гимараеш.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.