Ричардс со цел памет го прашал Балотели за поздрав на италијански, нормално дека ќе испадне некоја глупост (ВИДЕО)

by
2 минути читање

Во подкастот
„Рест ис Фудбал“, Мика Ричардс раскажа една непријатна случка и како бил
насамарен од Марио Балотели.

И покрај тоа што
знаел дека не треба многу да му се верува на контроверзниот напаѓач, го прашал
за совет по трансферот во Фиорентина, Мика Ричардс не знаел италијански, па се
советувал со Марио Балотели со кои зборови да се претстави.

И кога се сретнал
со тренерот Винченцо Монтела, наместо со убав збор, веднаш почнал со пцовка и
навреда.

„Разговарав со
Балотели, го прашав, „што да кажам кога ќе се поздравам со некого?“ Обично тој
е добар“
– открива поранешниот фудбалер на Манчестер Сити.

„Па се среќавам
со Монтела, се ракуваме и му велам, „
testa di cazzo“ што во превод испадна „ку*oглав“. За среќа Монтела
имаше разбирање“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани