Од оваа дистанца, Барела признава дека играле со голем притисок на тој дуел со Македонија, бидејќи Италија си направи „од готово – вересија“ во квалификациите за СП 2022. Пред плејофот, беше во добиена позиција за да го освои првото место, но со нерешени резултати во последните две кола (со Швајцарија дома и кај Северна Ирска) ја упропасти шансата и неочекувано падна во друштвото за баражи..
„Јас лично премногу го чувствував товарот од тој натпревар. Сите некако се чувствувавме како да не заслужуваме да сме таму. Бевме брзоплети и, можеби, тоа што мислевме дека за три дена не очекува уште еден натпревар исто имаше влијание. Не е изговор, но… Имаше многу фактори кои придонесоа да го загубиме фокусот“, коментира Барела.
Вели дека засекогаш ќе му биде благодарен на Роберто Манчини што го препознал неговиот квалитет и го повика во националниот тим уште како фудбалер на Каљари, пред да замине во Интер. Без да споредува, смета дека Спалети има свои квлалитети.
„Секој селектор си има свои квалитети и се обидува да ги искористи играчите најдобро. Манчини и Спалети се двајца луѓе кои ги интерпретираат своите улоги различно, но не сакам да навлегувам во нивните различности. Ова е нова фаза, со нов селектор, кој е исто добар, но со различни идеи“, додава Барела.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.