Скандалозна изјава на Ван Гал, вели дека судиите помогнале Меси и Аргентина да бидат Светски шампиони!

by
2 минути читање

Аргентина на патот до круната ја елиминираше и Холандија во еден жесток и тензичен натпревар. Иако Мундијалот беше пред речиси една година, Ван Гал сега се отвори.

За време на Мундијалот дури пет пенали беа досудени за Аргентина, па Ван Гал се сомнева дека судиите го туркале Меси да биде шампион.

„Кога ќе видите како Аргентина ги постигнуваше головите, а како ние ги дававме, и како некои аргентински фудбалери ја преминуваа границата, а ние бевме казнувани, мислам дека тоа се случуваше намерно. Тоа што го кажувам тоа и го мислам. Дали тоа го правеа за Меси да биде шампион? Мислам да“, рече Ван Гал.

@2024 – Сите права задржани