Џејдон Санчо не беше во тимот на Манчестер јунајтед за гостувањето кај Арсенал. По мечот Тен Хаг доби прашање зошто го изоставил фудбалерот.
„Зошто Џејдон Санчо не е во составот? Поради неговите перформанси на тренингот не го селектиравме. Во Манчестер јунајтед секој ден треба да бидете на нивото. Затоа тој не беше селектиран за овој натпревар“, рече Тен Хаг по поразот од Арсенал.
Не помина долго од изјавата на Тен Хаг, на социјалните медиуми се јави Џејдон Санчо кој го обвини тренерот дека лаже.
„Ве молам не верувајте на се што ќе прочитате! Нема да дозволам луѓето да кажуваат работи кои се комплетно неточни, бев многу добар на сите тренинзи оваа недела. Верувам дека има други причини за овој проблем во кои не сакам да навлегувам, јас сум жртвено јагне долго време, тоа не е фер“, вели Санчо.
„Се што сакам е да играм фудбал со насмевка на моето лице и да дадам допринос за мојот тим. Ги почитувам сите одлуки кои се донесени од стручниот штаб, играм со фантастични фудбалери и благодарен сум што го правам тоа, знам дека секоја недела е предизвик. Ќе продолжам да се борам за овој беџ без разлика на се“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.