„Хетафе дава ужасен пример, веднаш да го врати Гринвуд во Манчестер“

by
1 минути читање

Најголемото изненадување во последниот ден од преодниот рок го направи Хетафе кој реши да потпише со Мејсон Гринвуд на едногодишна позајмица.

Гринвуд си ја доведе кариерата во прашање поради домашно насилство, откако излегоа фотографии од неговата девојка која ја тепал, беше исфрлен од составот на Јунајтед.

Случајот немаше судска завршница, обиненијата беа повлечени, Манчестер јунајтед не го врати во составот, а многу клубови од морални причини не сакаа да го ангажираат.

Хетафе се одлучи да направи чекор и да го позајми Гринвуд, по што само прашање на време беше кога некои организации во Шпанија ќе реагираат на овој трансфер.

Тоа се случи сега, шпанската добротворна организација за семејна злоупотреба, фондацијата Ана Бела, побара од Хетафе да ја поништи одлуката за ангажман на Гринвуд.

„Клубот поставува ужасен пример. Директорите на Хетафе никогаш не требаше да го ангажираат Мејсон Гринвуд и веднаш треба да ја поништат својата одлука. Доколку сте јавна организација како што е Хетафе нема изговор да заземете неутрална положба за насилство врз жената – мора да имате морална одговорност“, стои во реакцијата на фондацијата.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×