Ал Итихад го руши рекордот за најскап трансфер само за да го купи Салах, на Ливерпул ќе му понуди 200 милиони фунти

by
1 минути читање

Ал Итихад по
секоја цена сака да го донесе Мохамед Салах ова лето, клубот од Џеда е
подготвен да го собори и рекордот на Нејмар, кој за 222 милиони евра се пресели
во ПСЖ во 2017 година.

Пред неколку часа
се појавија шпекулации кои велеа дека Ливерпул одбил 100 милиони фунти (нешто
помалку од 117 милиони евра), но потоа пристигнаа вести дека предлогот всушност
бил тежок 150 милиони фунти (околу 175 милиони евра).

Последните
информации велат дека Ал Итихад на маса ќе стави 200 милиони фунти (нешто над
233 милиони евра) и ќе ја тестира одлучноста на Ливерпул да го задржи Мохамед
Салах.

Веројатно на
„црвените“ ќе им биде тешко да одбијат ваков предлог за 31 годишен фудбалер, но
проблем е тоа што имаат премалку време да најдат соодветна замена.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани