„Црвените Ѓаволи“
утре гостуваат на Олимп-2 стадионот против Ростов во првиот натпревар од
осминафиналето во Лига Европа.
Тренерот на
домаќините уште вчера ги предупреди ѕвездите на Манчестер јунајтед дека теренот
ќе биде лош.
Жозе Мурињо е шокиран од она што го видел, и не може
да поверува дека УЕФА дава зелено светло да се одигра натпреваорт.
„Уште ми е тешко
да поверувам дека ќе играме” – вели „Специјалниот“.
„Знам дека
мораме, но тешко ми е да поверувам дека ќе играме на ваков терен, ако воопшто
можеме да го наречем терен”.
„Не знам со каков
тим ќе настапам, искрено морам добро да размислам бидејќи очекував подобар
терен за игра”.
„Имавме сличен
проблем во Кина кога требаше да играме со Манчестер Сити и тогаш одлучивме да
не играме”.
„Но сега мораме
да играме”.
„Вчера разговарав
со еден господин од УЕФА додека го разгледував теренот”.
„Кога му кажав
дека сум загрижен, тој ми рече: „Играчие се осигурани, ако нешто се случи ќе бидете
обесштетени““.