Ансу Фати реши да го игнорира интересот на Тотнем и Челси и да одбере позајмица во Брајтон, не се предомисли ниту по предлогот кој Севиља го достави во 5 до 12.
Се говори дека агентот Жорж Мендеш притискал за оваа зделка, а и Барселона навивала за Ансу Фати да се пресели во Брајтон бидејќи понудата била најдобра од финансиски аспект.
Новинарот Фабрицио Романо вели дека Брајтон се сложил да покрива дури 80% од платата на Ансу Фати, останатите 20% ќе ги покрива Барселона.
Но и со ваква математика, младата ѕвезда на Барселона ќе заработува двојно повеќе од речиси сите во тимот на „галебите“.
Се говори дека Ансу Фати ќе има плата од околу 160.000 фунти неделно, а во моментов најплатен е Адам Лалана со 90.000 фунти. Капитенот Луис Данк има примања од 80.000 фунти неделно.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.