Познати се
последните три учесници во групната фаза во Лигата на шампиони, настап во
најелитното европско натпреварување обезбедија ПСВ, Антверп и Копенхаген.
Во Ајндховен, ПСВ
го декласираше Ренџерс со 5-1. Саибири го отвори резултатот во 35. минута, а
истиот играч на стартот од вториот дел зголеми на 2-0.
Таверние во 64. минута
ја врати надежта кај гостите, но кратко потоа Де Јонг погоди за 3-1. Вермен во
78. минута ги реши сите дилеми, а за маката на гостите да биде поголема,
Голдсон си постигна автогол за конечни 5-1.
Антверп ја освои
Атина и во петтата минута од судиското надополнување го расплака АЕК. Керк
реализираше во 73. минута за 0-1, Араухо изедначи на 1-1 во 90. минута, и кога
домаќините се понадеваа дека можеби ќе обезбедат продолженија, Баликвиша во 95.
минута погодои за 1-2 и крај на приказната.
Копенхаген дома
одигра 1-1 со Раков, но благодарејќи на победата од првиот натправар во Полска,
ќе биде дел од најелитното европско натпреварување.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.