Мертенс: Долго ќе ја сонувам стативата (ВИДЕО)

by
2 минути читање

„Наполитанците“
вчера бркаа резултат 2-0 за да го изненадат Реал Мадрид и да го фрлат на колена
шампионот на Европа.

Домаќините
одлично го започнаа натпреварот, беа подобар противник и по една одлична акција
Мертенс ја затресе мрежата на Навас за 1-0 и огромна радост на Сан Паоло.

Во 38. минута
Белгијанецот можеше да се прослави, се најде во нова шанса за гол, но стативата
беше сојузник на „Кралевите“ и резултатот остана 1-0.

Казната за ова
стигна на стартот од вториот дел. И покрај тоа што Реал Мадрид не прикажа
многу, на сцена стапи Рамос и со два гола за пет минути го сруши сонот на
Наполи.

„Го дадовме
максимумот во првиот дел, на противникот му оставивме малку простор за игра“

вели Дрис Мертенс.

„Постигнаа гол
благодарејќи на корнер кој им го подаривме. Тоа е жално
.

„Знаевме дека
Серхио Рамос знае да скокне кога неговиот тим е во тешки моменти, па боли она
што ни се случи
.

„Долго ќе ја
сонувам стативата, кога ќе се легнам, одново ќе гледам како топката се одбива
од стативата
.

„Тоа беше
специјален момент, можевме да дојдеме во водство од 2-0
.

„Треба да научиме
од овој натпревар, прекрасно е да се игра на домашен терен со ваква атмосфера“.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани