Ако судиме по првите две кола, Елмас под водство на Руди Гарсија добива уште помала минутажа отколку кога Спалети го водеше тимот. Македонскиот фудбалер во игра влезе во 83. минута, имаше една шанса за гол која му ја одбрани голманот на Сасуоло.
Водство за Наполи донесе Осимен во 16. минута од пенал.
По седум минути игра во вториот дел Макси Лопез поради пцовка кон судијата доби директен црвен картон. Наполи до крајот играше со фудбалер помалку.
Во 60. минута Распадори промаши пенал. А четири минути подоцна Ди Лоренцо ги постави конечните 2-0.
Второ коло, втор пораз за Лацио, овојпат на свој терен од повратникот во Серија А, тимот на Џенова. Ретегуи во 16. минута го постигна единствениот гол на мечот.
Големи се шансите серијата на порази да продолжи за Лацио и во следното коло бидејќи гостуваат кај Наполи.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.