Ливерпул со десет играчи го победи Њукасл, Дарвин Нуњез е херојот на црвените (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Натпреварот почна идеално за Њукасл, поведоа со гол на Гордон во 25. минута. А само три минути подоцна Вирџил ван Дајк доби директен црвен картон, Ливерпул остана со фудбалер помалку.

Се чинеше дека Ливерпул е во неизлезна ситуација, но во 77. минута Клоп во игра го стави Дарвин Нуњез кој ги промени работите на теренот.

Нуњез најпрво во 81. минута погоди за израмнување на 1-1, а потоа реализираше и во 93. минута за комплетен пресврт и победа на Ливерпул од 2-1.

×