Манчестер Сити доминираше во текот на целиот натпревар, но Шефилд јунајтед одолеваше во најголем дел од мечот.
Во 37. минута Халанд имаше шанса од пенал да донесе водство, но ја погоди стативата.
Конечно во 63. минута мечот беше отворен, по убава асистенција на Грилиш, Халанд даде гол со глава за водство на Сити од 1-0.
Во 85. минута Богл постигна гол и го изедначи резултатот на 1-1. Тогаш се чинеше дека Манчестер Сити е на работ да загуби два бода, но тоа не се случи.
Три минути подоцна Родри со силен удар ја заби топката во мрежата на гостите за победа на Манчестер Сити од 2-1.
Во исто време се играше и мечот меѓу Барнли и Астон Вила, гостите победија со 3-1.
Кеш даде два гола, еднаш погоди Диаби за Астон Вила, голот за Барнли беше дело на Фостер.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.