Мбапе останува во ПСЖ, на располагање ќе има три опции

by
1 минути читање

Килијан Мбапе долго време беше топ тема во трансфер шпекулациите откако реши да не ја искористи опцијата за продолжување на соработката со ПСЖ до јуни 2025.

Сепак, Реал Мадрид не повлече конкретен чекор, па напаѓачот и ПСЖ се помирија и тој се врати во тимот откако беше отстранет како казна за одлуката да не продолжи.

Се говореше дека нешто може да се случи во последните денови од летниот преоден рок, но како што пренесува Телефут, нeма шанси да дојде до трансфер во следните денови и Килијан Мбапе ќе остане во Париз.

Тој ќе има три опции за решавање на својата иднина, односно да стави потпис на едногодишен договор, да стави потпис на долгогодишен договор или пак да замине како слободен играч следното лето.

Останува да се види каков ќе биде изборот на Килијан Мбапе, кој веќе еднаш го изигра Реал Мадрид и наместо трансфер на Бернабеу, реши да остане во ПСЖ.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани