Прва на погодок се израдува Селта, но голот на Ларсен во третата минута беше поништен поради фаул врз Кепа Аризабалага кој дебитираше на голот на Реал Мадрид.
Во 15. минута од игра излезе Винисиус поради повреда на задната ложа.
Голем момент имаше и во 68. минута кога Родриго промаши пенал. Виљар го одбрани неговиот удар. Пеналот го направи токму Виљар по удар врз Родриго.
Но, Реал Мадрид го има Белингем. Во 81. минута Англичанецот погоди со глава за водство и победа на кралскиот клуб од 1-0.
За Белингем ова беше четврти гол во три кола во Ла Лига. Англичанецот покажува дека вредат сите пари кои Реал Мадрид ги даде за него.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.