„Волчицата“ е во
потрага на нов напаѓач по повредата на Тами Абрахам, се чинеше дека Дуван
Запата е на пат за Рим, но Аталанта го блокираше трансферот.
Изминативе денови
се говореше за иненадувачки трансфер и пристигнување на Ромелу Лукаку, но
последните информации велат дека Рома е многу блиску до ангажман на Сардар
Азмун од Баер Леверкузен.
Двата клуба си
подале рака за позајмица со опција за перманентен трансфер вреден околу 8
милиони евра и сега само се чека Иранецот да даде зелено светло за комплетирање
на зделката.
Се шпекулира дека
Сардар Азмун исто така е и во бележникот на Милан но „росонерите“ ќе ја загубат
оваа битка.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.