Ал Итихад со 300 милиони евра тргнува во офанзива по потписот на Салах

by
1 минути читање

Продолжуваат гласините
за преселба на Мохамед Салах во Саудиска Арабија, денешното издание на ГДС пишува
дека Ал Итихад со 300 милиони евра ќе се обиде да го донесе напаѓачот во своите
редови.

Планот на Ал
Итихад е да му понуди на Ливерпул околу 100 милиони евра како обешстетување,
додека пак на Мохамед Салах да му презентира тригодишна соработка тешка 200
милиони евра.

И додекатрансфер
сумата од 100 милиони евра би била рекордна за Саудуска Арабија ова лето,
платата на Египјанецот не е нешто спектакуларна ако се знае дека Кристијано Роналдо, Карим Бензема, Нголо Канте и Нејмар заработуваат два-три пати повеќе.

Останува да се
види дали Ливерпул би прифатил разделба со својата ѕвезда толку доцна во
преодниот рок, „црвените“ ќе имаат многу малку време да донесат соодветна замена.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани