Во понеделникот, Манчестер јунајтед соопшти дека Мејсон Гринвуд нема иднина на Олд Трафорд и ќе го напушти клубот и покрај тоа што обвинителството ги повлече обвиненијата против младиот напаѓач.
Веднаш почнаа да кружат гласини за следната дестинација на Англичанецот и се пишуваше за преселба во Саудиска Арабија во редовите на Ал Етифак, каде ќе има можност да заработува убава плата од 10 милиони по сезона.
Сепак, ваквите гласини подоцна беа демантирани, Стивен Џерард на социјалните мрежи порача дека ова е „фејк њуз“.
Одредени извори пак велеа дека и Арапите се плашат за нарушување на имиџот, особено што сакаат да го промовираат женскиот фудбал. Таблоидот Сан пак излезе со интересна причина зошто нема да дојде до ваков трансфер.
Наводно Кристијано Роналдо ставил вето на зделката и им порачал на челниците на саудискиот фудбал да не го купуваат неговиот поранешен соиграч од Манчестер јунајтед.
Како што пишува Сан, Португалецот не му ги заборавил критиките на Англичанецот од пред неколку месеци, кога Мејсон Гринвуд прокоментирал дека „кариерата на Роналдо е мртва по трансферот во Саудиска Арабија“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.