И Саудијците не го сакаат Гринвуд, дали големиот талент ќе ја заврши кариерата на 21 година!?

by
2 минути читање

Се чинеше дека спасот ќе го најде во Саудиска Арабија, се шпекулираше дека Ал Етифак се интересира за него и понуден е да му даде плата од 10 милиони евра.

Но, од тоа нема ништо. Тренерот на Етифак, Стивен Џерард кратко постираше за овие шпекулации: „Лажни вести“.

Покрај ставот на Џерард, излегоа гласини дека Саудиска Арабија се мисли дали да им забрани на клубовите да го ангажираат Гринвуд со цел да не си го расипат имиџот кој го градат во овој период.

Насилството врз жената може да му ја заврши кариерата на Гринвуд уште на 21 година. 

Со сите клубови со кои се поврзуваше засега, негираа дека би го ангажирале. Кој и да го посака си навлекува негативни коментари. Останува да видиме дали ќе има херој-клуб кој ќе го прими и со неговиот непопуларен „багаж“.

@2024 – Сите права задржани