Арсенал не смета
на Фоларин Балоган и ова лето се обидува да најде купец за талентираниот
напаѓач од САД.
Беше одбиена
понуда од Монако вредна околу 34-35 милиони фунти, а Интер се откажа откако не
успеа да ги убеди „топчиите“ да ги намалат барањата.
Последните
информации велат дека Челси опипува терен и Фоларин Балоган е отворен за
идејата да го замени Арсенал со лутиот лондонски ривал. Сепак, трансфер сумата повторно
е проблем.
„Топчиите“ бараат
околу 50 милиони фунти и „сините“ во овој момент не се подготвени да платат толку
многу. Се шпекулира дека бројката може да падне на 40 милиони фунти како што
одминува времето и се ближи крајот на трансфер пазарот.
Но останува да се
види дали Челси е подготвен да чека, клубот од Стемфорд Бриџ има уште неколку
имиња во бележникот како Бренан Џонсон од Нотингем Форест, Мохамед Кудус од
Ајакс и Брадли Баркола од Лион.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.