Рафаела Пимента објасни како таткото на Самарџиќ го расипа трансферот на својот син во Интер!

by
2 минути читање

Трансферот беше пред реализација, се беше договорено, но наеднаш пропадна поради тоа што таткото на Лазар Самарџиќ побарал да се променат некои точки од договорот.

Рафаела Пимента е агентка од компанијата на Мино Рајола која презема голем дел од неговите клиенти по неговата смрт. Таа е влијателна агентка која била задолжена и за трансферот на Лазар Самарџиќ, но во целата зделка се вмешал и неговиот татко.

„Интер преговараше со личност која немаше право на тоа, Рафаела Пимента. Ја имам видено само еднаш во животот и не знам како таа била инволиврана во оваа ситуација. Кога го видовме драфт договорот, побаравме да се промени, но Интер сакаше да преговара само со Пимента“, обвини таткото на Лазар, Младен Самарџиќ.

Верзијата на Пимента е сосема поинаква од таа на Самарџиќ сениор, агентката вели дека дури и наздравиле за трансферот.

„Жал ми е што таткото на Самарџиќ ја оправдува својата постапка на ваков начин. Но фактите зборуваат“, вели Пимента.

„Од состанокот во мојата канцеларија во Монте Карло со него, неговата сопруга и Коларов до многу повици со разни клубови кои ги правевме заедно и дури и негово барање до Удинезе да разговараат директно со мене“.

„Имавме состанок заедно во седиштето на Интер, се договоривме со нероазурите дури и наздравивме со него и со неговата сопруга“.

„Имаше видео кол за организација на медицинските тестови на неговиот син, плус беше организирано доаѓање на негови роднини и камерман. По сето ова, неговиот татко излезе со барања со кои јас не се согласив и одлучив да се тргнам од зделката“.

Пропаѓањето на трансферот на Самарџиќ е уште еден пример во кој родителите сметаат дека можат да бидат агенти, но на крајот ја уништуваат кариерата на своите деца.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани