Алавес и Севиља одиграа возбудлив натпревар, а навивачите можеа да видат дури седум погодоци.
Домаќините поведоа со гол на Риоха уште во седмата минута од натпреварот, но следуваше пресврт. Севиља израмни во 15. минута со автогол на Абкар, а во 41. минута Ламела погоди за предност на ангалузијците од 2-1.
Пред самиот крај на првото полувреме Дуарте го изедначи резултатот на 2-2. Со реми се замина на одморот.
Следуваше шоу на Гарсија кој со голови во 54. и 59. минута донесе водство на Алвес од 4-2.
До крајот на мечот, Севиља успеа само да ја намали предноста на домаќините, не и да се спаси од пораз. Рафа Мир погоди во 97. минута за конечни 4-3 за Алавес.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.