Манчестер јунајтед потклекна под притисокот на јавноста, Мејсон Гринвуд го напушта клубот

by
1 минути читање

На почетокот од
2022 година, Мејсон Гринвуд беше уапсен откако неговата девојка на социјалните
мрежи се пожали дека била тепана и принудена на секс, објави и фотографии на
кои има модринки и крв по нејзиното тело.

Една година
подоцна, обвинителството соопшти дека сите обвиненија против младиот напаѓач се
повлечени.

Манчестер
јунајтед започна сопствена истрага по ваквиот развој на настаните и минатата недела се појавија информации
дека клубот од Олд Трафорд се подготвува за враќање на Англичанецот во тимот. Вестите
предизвикаа негодување во јавноста, односно навивачите, спонзорите и добар дел
од вработените.

„Ѓаволите“
очигледно потклекнаа под притисокот па попладнево беше соопштено дека Мејсон Гринвуд нема иднина на Олд Трафорд.

„Сите инволвирани,
вклучувајќи го и Мејсон, ги признаа потешкотиите кои ги носи неговото
продолжување во Манчестер јунајтед. Па сите заедно се согласија дека најдобро
решение е тој да замине од Олд Трафорд и сега ќе работиме на изнаоѓање на
решение“
– се вели во дел од соопштението.

Останува да се
види дали Мејсон Гринвуд ќе биде продаден, ќе биде испратен на позајмица или
пак неговито договор ќе биде продаден.

Пред да се случи
скандалот, Англичанецот важеше за еден од најперспективните играчи во својата генерација
и се очекуваше многу
од него на Олд Трафорд.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани