Од Шпанската фудбалска федерација, ја потврдија тажната вест.
„Фудбалерката ја дозна тажната вест по финалето на Светското првенство. Ги испраќаме нашите најискрени прегратки до Олга и нејзиното семејство во момент на длабока болка. Те сакаме, Олга, ти си засекогаш во историјата на шпанскиот фудбал“, стои во краткото соопштение на Шпанската федерација.
PÉSAME | La @RFEF lamenta profundamente comunicar el fallecimiento del padre de Olga Carmona. La futbolista ha conocido la triste noticia una vez concluida la final de la Copa del Mundo.
Mandamos nuestro abrazo más sincero a Olga y a su familia en un momento de profundo… pic.twitter.com/BSe2XmUrVF
— RFEF (@rfef) August 20, 2023
23-годишната Кармона која не само што го постигна голот, туку е и капитенка на Шпанија, кога го даде погодокот го крена дресот и покажа мајца на која пишуваше Мерч. Тоа беше името на пријателка на нејзината мајка која претходно починала. Судбината е сурова кон фудбалерката, во тие моменти починал нејзиниот татко.