102
Пред помалку од
една година, во женската фудбалска репрезентација на Шпанија се случи бунт, 15
фудбалерки го кренаа гласот, побараа промена на селекторот Хорхе Вилда и порачаа
дека повеќе нема да играат за репрезентацијата.
Но Хорхе Вилда и
првите луѓе на ФФШ не потклекнаа на притисокот, и сега се радуваат на
најголемиот успех во историјата.
Шпанија денеска
во финалето со 1-0 ја совлада Англија и стигна до првата титула на Светските
првенства.
Херој на мечот е
Олга Кармона, фудбалерката на Реал Мадрид одлично биеше по земја во 29. минута и
го постигна голот кој на крајот вредеше злато.