Матиќ изгледаше среќен во Рома, тој доби и поголема улога во пресрет на втората сезона, требаше да биде ментор на помладите, го викаа „професор“, имаше големо влијание и надвор од теренот.
Србинот му беше омилен на Жозе Мурињо, Португалецот го донесе во Челси, Манчестер јунајтед и Рома.
Но, Матиќ во изминатите месеци зад грб на Мурињо го договарал трансферот во Рен. Тоа го призна Португалецот на прес-конференцијата без да сака многу да навлегува во случајот.
„Матиќ? Мислам дека таа ситуација самата по себе се објаснува. Фактот што тој контактирал со Рен повеќе од еден месец кажува сѐ и нема што да се додаде. Јас сум многу среќен што го имам Паредес на негово место. Ми се допаѓа многу“, вели Мурињо.
„Не очекувавме заминување на г-дин Матиќ. Но клубот реагираше веднаш на фантастичен начин. Загубивме голем фудбалер во Матиќ, но ги потпишавме Паредес и Санчез“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.