Џуд Белингем импресионира на стартот на авантурата во Реал Мадрид, Англичанецот има подобри бројки и од Кристијано Роналдо.
Откако постигна гол во дебито, фудбалерот од средниот ред вечерва два пати ја тресеше мрежата на Алмерија и стана првиот играч по ЦР7 кој постигнал гол на првите два настапи во дресот на „кралевите“.
Тој дури и го надмина Португалецот откако забележа три гола во два меча.
Домаќините рано поведоа преку Арибас веќе во 3. минута, за потоа Белингем одлично да се снајде во една мешаница и да изедначи во 19. минута.
Истиот играч по еден час игра со глава како голем стрелец ја затресе мрежата за 1-2. За точка на натперварот, Белингем му асистираше на Винисиус Жуниор во 73. минута за конечни 1-3.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.