97
Брајтон изминативе 12 месеци заработи речиси 400 милиони фунти од продажба на играчи, најдобро помина со трансферот на Моизес Каиседо кој се пресели во Челси за рекордни 115 милиони фунти.
„Галебите“ во своите редови имаат уште неколку интересни играчи, еден од нив е Каору Митома.
Јапонецот денеска уште еднаш покажа дека располага со одлична техника, направи дар-мар против Вулвс, од 40 метри тргна сам против целата одбрана на противникот и атрактивно погоди.
Прашање е само на време кога гигантите ќе загризаат посериозно, а цената сигурно ќе биде висока.