Ромео Лавиа цело лето беше мета на Ливерпул, по долги преговори „црвените“ оваа недела конечно
се договорија со Саутемптон, но потоа на сцена стапи Челси и го украде
фудбалерот.
Откако беа
комплетирани сите формалности, „сините“ попладнево го потврдија трансферот на
Ромео Лавиа во зделка вредна околу 58 милиони фунти, фудбалерот од Белгија се
обврза до 2030 и стави потпис на седумгодишен договор.
Во првото интевју
како фудбалер на Челси, Ромео Лавиа наброја три причини зошто се решил за преселба
на Стемфорд Бриџ наместо на Енфилд.
„Три фактори влијаеја на мојата одлука“ – вели Лавиа.
„Проектот и
амбицијата на клубот беа клучни фактори да го одберам Челси, но исто така и
историјата. Возбуден сум што станав дел од овој клуб. Навистина сум среќен и
горд. Привилегија е да се носи овој дрес“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.