По одлуката на
Жорди Кројф да го напушти Камп Ноу, Деко ја прифати понудата на Жоан Лапорта да
стане нов спортски директор и со недели работи на креирање на тимот за новата
сезона.
Официјалното
соопштение пристигна дури попладнево, а новина е тоа што Деко ќе добие целосна
моќ околу работата на трансфер пазарот, директорот за фудбал Матеу Алемани ќе
се повлече од оваа функција на 2. септември.
Се очекува негово
прво големо засилување да биде Жоао Кансело од Манчестер Сити, веќе се отворени
преговори со неговиот добар пријател Жорж Мендеш, кој е агент на десниот бек.
Но пред да се
комплетира зделката, Деко ќе мора да продаде двајца фудбалери и да најде нов
клуб за Клемен Ленгле и Сержињо Дест.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.