Таткото на Самарџиќ ќе му го расипе трансферот во Интер – бара повеќе пари од договореното!

by
2 минути читање

Трансферот на Лазар Самарџиќ од Удинезе во Интер веќе требаше да биде комплетиран, но проблем настана од страната на фудбалерот.

Двата клуба си пружиле рака за трансфер вреден 15+ милиони евра. Но тогаш на сцена стапил таткото на Лазар Самарџиќ и други членови на неговиот тим кои барале повеќе пари и за провизија и за негова плата.

Во Интер одбиле да менуваат нешто кое претходно го договориле.

Фудбалерот се вратил во Удине и таму тренира сам додека ја чека разврската. Интерес за него има од Јувентус, Наполи и Вест Хем, а Интер се чини дека ќе се откаже од трката.

„Приказните за проблемите од страната на Самарџиќ се точни, како што информираа медиумите“, потврди Аусилио.

„Минатата недела се договоривме со Удинезе, но тогаш од страната на Самарџиќ променија многу работи“.


@2024 – Сите права задржани