Првите зборови на Нејмар како фудбалер на Ал Хилал

by
1 минути читање

По шест години во
ПСЖ, Нејмар денеска направи трансфер во Ал Хилал, рекорден и за „светците“ и за
Саудиска Арабија.

Тој за двегодишна
соработка ќе инкасира околу 300-400 милиони долари, на сите им е јасно дека парите
се главен мотив зад зделката, но Бразилецот со своите први зборови како
фудбалер на Ал Хилал се обиде да продаде една поинаква приказна.

„Сакам да испишам
нова приказна, и првенството на Саудиска Арабија бележи прогрес, со квалитени
играчи, па мислам дека ова е правото место. Ал Хилал е огоромен клуб, со
фантастични навивачи, најдобриот во Азија. Чувствувам дека ова е правиот избор
за мене, во право време, со правиот клуб. Сакам да постигнувам голови и да
победувам
и планирам да продолжам да го правам тоа во Саудиска Арабија“ – порача Нејмар.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани