Во голем дел од својата кариера во Барселона, Дембеле беше повреден но добиваше поддршка од клубот. Особено од Чави откако тој пристигна на кормилото.
Чави имаше голема доверба во Дембеле, и желбата на Французинот да потпише за ПСЖ беше како гром од ведро небо за тренерот, но и за фановите.
Интересно е да се видат изјавите на Дембеле кои ги даваше некоја недела пред да се реализира трансферот.
„Барселона сака да го обновиме договорот до 2027 година и мојот агент разговара со нив. Среќен сум што сум тука и сакам да продолжам, ќе видиме што ќе се случи“, изјави Дембеле за „Марка“ на 17. јули.
„Барса сега е тим со искусни и млади играчи. Има многу добра атмосфера во соблекувалната. Како семејство сме. Се чувствувам многу добро во градот и имам многу добар однос со соиграчите. Среќен сум тука и играм“.
Ова лето имаше и некои други слични изјави на Дембеле со кои искажуваше верност кон Барселона и негирање на гласини дека може да замине.
Што се случи во меѓувреме, зошто се предомисли, само тој знае.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.