Алегри се изјасни за гласините кои го поврзуваат со Арсенал

by
1 минути читање

Англиските медиуми пишуваат дека Алегри е прва цел на Арсенал и веќе има вербален договор со англискиот тим да го наследи Венгер доколку тој одлучи да не потпише нов договор.

Но италијанскиот стратег вели дека нема никаква вистина во таквите пишувања.

„Ќе го повторам она што го кажав и претходно. Нема никаква вистина во тоа. Втора работа, доколку има нешто, прв кој ќе знае за тоа ќе биде Јувентус“ – вели Алегри.

„Имам договор со клубот до 2018 година и јас не можам да одлучувам за мојата иднина, Јувентус е тој кој го има последниот збор“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани