Чави со прво се бунеше, топката мирувала повеќе од еден час на мечот Хетафе-Барса!

by
1 минути читање

Барселона синоќа
одигра 0-0 на гостувањето кај Хетафе, а по крајот на натпреварот, Чави имаше
што да каже.

Тренерот упати жестоки
критики на адреса на судијата, обвини за двојни аршини и имаше замерки за тоа кои стартови биле санкционирани а кои не,
за недосудениот пенал во 103. минута, како и честото сецкање на играта и
задржувањето на време.

„Ни нанесоа
голема неправда, ова е срам за Ла Лига
.
Продуктот што Примера го нуди е патетичен. Не е ни чудо што никој повеќе не
сака да гледа шпански фудбал. Навистина сум бесен“
– порача Чави.

И тој е во право
за една работа, на „Алфонсо Перез“ синоќа се играа 116 минути, но ефективни беа
само нешто над 56 минути!

Топката мирувала
над еден час, односно дури 60 минути и 43 секунди! Продолжувањето на второто
полувреме беше 15 минути и 25 секунди, но од овие, фудбал се играло само 5
минути и 25 секунди.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани