Ал Хилал
изминативе денови силно притисна по потписот на Нејмар и се говореше дека еден
од условите на Бразилецот за преселба во Саудиска Арабија е да му биде дозволено да се
врати во Барселона на една сезона со цел да игра на врвно ниво во пресрет на
Копа Америка 2024.
Но последните
информации велат дека Ал Хилал ставил вето на една ваква зделка и нема шанси да
го пушти на позајмица на Камп Ноу.
Клубот од
Саудиска Арабија прави голема инвестиција, за реализација на трансферот на ПСЖ
ќе му плати помеѓу 90 и 100 милиони евра.
За Нејмар пак е
подготвен богат двегодишен договор, најголемиот дел од медиумите пишуваат дека
се работи за плата од 100 милиони евра по сезона, но има и такви кои пренесуваат за
двегодишна соработка тешка дури 320 милиони евра, односно 160 милиони евра по
сезона.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.