Клубот од
Стемфорд Бриџ минатата година започна нова ера, Роман Абрамович беше приморан
да го продаде Челси, а не чело седна конзорциум предводен од Тод Боли.
Бизнисменот од
САД веднаш почна да се расфрла со пари, во првите два преодни рока беа
потрошени прек 600 милиони евра на засилувања, а инвестициите продолжуваат и
ова лето. До овој момент се одвоени над 200 милиони евра на нови играчи, а
сигурно уште толку ќе бидат потрошени до крајот на летото и вкупната бројка ќе надмине
1 милијарда во само три преодни рока.
Многумина би помислиле
дека со ваква сума на пари ќе се креира моќен тим кој ќе биде страшен во очите
на ривалите, но таков впечаток не се добива од стартниот состав на Челси на
синоќешниот дуел против Ливерпул во воведното коло од новата сезона во Премиерлигата.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.